Пак политика во спортот: Прекинат мечот меѓу Кипар и Косово поради провокации на домаќините (ФОТО)
На една од трибините осамнаа два транспарента, на едниот пишуваше „Косово е Србија“, а на другиот „Кипар е Грција“. На инсистирање на косовските фудбалери, главниот судија го прекина мечот додека транспарентите не се тргнат.
Реагираа полицајците и се беше брзо средено, а поради прекинот натпреварот беше продолжен во првото полувреме за пет минути.