Оби Микел откри како пропадна трансферот на Осимен во Челси
Осимен долго време преговараше со „сините“, но на крајот му пропадна трансферот, па мораше да се пресели во Галатасарај.
„Бевме многу блиску. Само неколку моменти нè делеа од тоа да постигнеме договор, имаше само мали проблеми кои не беа надминати навреме. Медицинските прегледи исто така не можеше да се завршат дури и да беше постигнат договор затоа што веќе беше доцна“, кажа Оби Микел.