Македонија У21: По дебаклот во Алмере да не си дозволиме кикс против Гибралтар!
Избраниците на Драги Канатларовски имаат лоши квалификации, а во минатото коло доживеавме вистински дебакл од Холандија со 5:0. Тоа беше натпревар во кој тешко поминуавме на половината на противникот и не упативме ниту еден удар кон противничкиот гол.
Токму затоа денеска ни е потребна победа против аутсајдерот во групата за колку толку да покажеме образ за следните циклуси.
Гибралтар е последен во групата и ние една од нашите две победи ги забележавме токму против оваа селекција. Имаме три бода повеќе, меѓутоа ефикасни сме колку и тие бидејќи имаме по три постигнати погодоци.
Натпреварот е закажан за терминот од 13:00 часот.