Нејмар падна на медицински прегледи, ќе паузира уште два месеци!
Нејмар одигра само пет натпревари и потоа се повреди, а на најновите медицински прегледи покажа дека не е подготвен ниту за полесен тренинг со екипата.
Бразилецот не може да се рехабилитира ниту по 11 месеци, иако вообичаено фудбалер со повреда на лигаментите на коленото може да почне полесни тренинзи по девет месеци.
Според медиумите, Нејмар ќе мора да паузира уште најмалку два месеци пред да почне со физички активности.