Германија испука „петарда“ против Унгарија, Холандија подобра од БиХ (ВИДЕО)
Во првото полувреме беше постигнат само еден гол во Диселдорф, кога Фулкруг стрелаше за 1-0, додека во вториот дел во листата на стрелци се запишаа Мусиала, Вирц, Павловиќ и Хаверц.
Возбудливо беше и во Холандија, каде што домаќинот поведе со голот на Зиркзе, но веднаш возврати Демировиќ и израмни на 1-1. Додека до крајот на првите 45 минути погоди и Рајндерс за 2-1.
Во вториот дел Гакпо зголеми на 3-1, но набрзо Џеко стрелаше за 2-3 и ја врати надежта кај гостинскиот состав. Сепак, во финишот Вегхорст и Симонс погодија за конечни 5-2.