Англија со три бода си замина од Даблин, Грузија ја прегази Чешка (ВИДЕО)
Англичаните до победата стигнаа со два гола во првото полувреме, откако најпрво погоди Деклан Рајс во 11. минута, а потоа стрелаше и Џек Грилиш во 26. минута за триумф од 2-0.
Грузија поведе со погодокот на Кварацхелија во 33. минута од пенал, а потоа во листата на стрелци се запишаа и Чакветаѕе, Микаутаѕе и Кочорашвили, додека гол за Чешка постигна Калвач во 80. минута.
Во Лига Ц до победа стигна Ерменија против Летонија со 4-1, додека Молдавија славеше со 2-0 против Малта.