Анчелоти во Реал Мадрид си донесе засилување од - третата англиска лига!
Енди Менген е човек кој беше дел од стручниот штаб на Дејв Келинор во екипата на Стокпорт Каунти кој во минатата сезона ја освои англиската Лига 2 (четврти по ранг натпреварување во Англија).
Тој сега ќе биде дел од стручниот штаб на шампионот на Шпанија и Европа, а повикот од тренерот Карло Анчелоти беше изненадување за сите шпански и англиски медиуми.
Меѓутоа набрзо е откриена и целата позадина на приказната. Менген бил во тренерската класа заедно со синот на славниот италијански тренер Давиде Анчелоти. Двајцата заедно полагале за тренерски лиценци и станале добри пријатели, па така Давиде го препорачал Енди на својот татко.
Анчелоти очигледно одлучил да го послуша неговиот син кој и самиот е во стручниот штаб на „кралевите“.
Инаку, своевремено Енген беше дел од академијата на Болтон, но никогаш не стигна блиску до елитата. Најдобрите денови ги помина во Рексам и Флитвуд Таун.