Јамал го помина Мбапе и стана најмлад кандидат за Златната топка

Годината за памтење на Ламин Јамал продолжува откако вчера 17-годишниот фудбалер на Барселона влезе меѓу 30. кандидати за Златната топка за 2024.

Крилниот играч е во конкуренција и за најдобар млад фудбалер, но со оваа номинација, тој стана најмлад кандидат за освојување на најпрестижното индивидуално признание во светот на фудбалот. До него стигна со 17 години и 51 ден, надминувајќи го Килијан Мбапе кој досега беше рекордер со 18 години и 292 дена.

Мали се шансите Јамал оваа година да ја освои Златната топка бидејќи против себе има „крупни риби“ како Џуд Белингам, Винисиус, Родри или Тони Крос, но ако вака продолжи, нема да биде изненадување ако за некоја година ја добие наградата.