Убедлив пораз за младите ракометари од Израел во разигрувањето за 17. место на ЕП

Кадетската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Израел со резултат 32-25 во вечерашниот натпревар во разигрувањето за од 17 до 20 место на Европското првенство во Подгорица.

Македонија со победата против Италија го обезбеди опстанокот во европската елита, но денеска Израел изгледаше подобро на теренот.

Првото полувреме донесе изедначена игра, а Израелците заминаа на одмор со еден гол предност (13-12). Второто полувреме донесе пад во нашата игра, а Израел тоа го искористи и направи разлика по која ние не се вративме во натпреварот.

Најефикасни во нашите редови беа Крстевски со шест гола и Гурмешвиќ со пет.