Јованчев: Естонија физички доминираше, но нема простор за разочарување

Македонските кошаркарски кадети не успеаа да ја продолжат низата на победи во групната фаза на Европското првенство и вчера во третиот натпревар беа поразени од Естонија која остана единствена перфктна селекција во нашата група.

Селекторот Александар Јованчев смета дека Естонија доминирала физички и според него тоа е една од главните причини за убедливиот проаз.

„Естонија физички доминираше во текот на натпреварот. Постигнаа дури 20 поени од т.н. ‘втора шанса’. Повторно имавме проблем со скок играта. Успеавме да играме нерешено 18 минути при што не реализиравме и пет слободни фрлања, и противникот замина на полувреме со плус 10. Во вториот период излеговме од ритам и не успеавме да се вратиме во натпреварот“- кратко изјави Јованчев.

Вечерва од 18:30 часот Македонија игра нов натпревар против Австрија која вчера по двата стартни порази ја изненади Украина.

„Нема простор за разочарување, нашите мисли се веќе кон Австрија. Евентуален триумф на Естонија над Шведска ќе нė стави во позиција сами да одлучуваме за нашата судбина“- смета Јованчев