Во легендите замина човекот кој ја измисли кошарката во Македонија!

Синоќа во Скопје, на 85-годишна возраст, почина Лазар Лечиќ, човекот за кого слободно може да се каже дека ја измисли кошарката во Македонија.

Тој беше еден од најистакнатите кошаркарски работници во поранешна СФР Југославија, кој потоа своето знаење и пријателства ги стави во служба на независна Македонија. Лечиќ бешетренер, кој остави длабока трага во кошарката на овие простори, поставувајќи ги темелите на кошарката од осамостојувањето на Македонија.

Кариерата ја почна во Работнички, чиј тренер беше во неколку наврати - најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1978. Работеше во МЗТ Скопје, Никол Ферт, а беше тренер и во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина и Арис. Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација, која во 1970 во Љубљана ја освои светската шампионска титула.

Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“. Погребот на Лечиќ ќе биде утре (14. август) на гробиштата Бутелод 10.30 часот.