Нов пораз за кошаркарките: Македонските јуниорки загубија и од Шведска

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години загуби со 53-74 од Шведска на Европското првенсво (ЕП) Б-дивизија.

Младите кошаркарки имаа предност на почетокот од средбата со 19-14, по што Шведска ја презема контролата и славеше со 75-53.

Јана Пишлевска беше најефикасна со 15 поени кај Македонија, додека Еми Ерсдала постигна 14 поени за Шведска.