Австралија подобра од Белгија во битката за бронзен медал

Кошаркарките на Австралија триумфираа против Белгија со 85-81 во битката за бронзениот медал на Олимписките игри во Париз.

Првата четвртина ја одбележа жестока борба на теренот, а Австралија имаше водство од само еден поен (20-19), кое го задржа и на паузата меѓу двете полувремиња (37-36).

Австралија стигна и до +10 (52-42) во третата четвртина, но набрзо Белгија возврати и со одлична серија направи пресврт (61-60).

Лошиот почеток на Белгија на последните 10 минути го искористи Австралија, која ја презема контролата и славеше со 85-81.

Мегбегор постигна 30 поени и 13 скокови, додека Џули Ванло запиша 26 поени за Белгија.