Јокиќ беше најдобар во речиси сите категории, ама МВП е Леброн Џејмс
Наградата отиде во рацете на Леброн Џејмс по неговиот веројатно последен натпревар на најголемата спортска манифестација. Тој е само трет кошаркар во историјата кој го добива МВП признанието по Ману Џинобили во 2004 и Кевин Дурант во 2021 година, но убедливо највозрасен, со 29 години. За него ова се четврти олимписки игри и четврти медал од кои златни и еден бронзен.
Во идеалната петорка се најдоа уште неговиот сонародник Стеф Кари, потоа Никола Јокиќ од Србија, Денир Шрудер од Германија и Виктор Вембанјама од Франција. Во вториот тим се избрани: Шеј Гилџес Александер од Канада, Богдан Богдановиќ од Србија, Франц Вагнер од Германија, Гершон Јабуселе од Франција и Јанис Адетокунбо од Грција.
Најдобар дефанзивен играч е Алекса Аврамовиќ од Србија, најдобар млад кошаркар Виктор Вембанјама, а најдобар селектор, предводникот на Франција, Венсан Коле.