Сензација во Париз: Женг ја елиминира најдобрата тенисерка во светот

Најдобрата тенисерка во светот Ига Швјонтек остана без шанса да се бори за златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако загуби со 0-2 во сетови од Кинвен Женг од Кина.

Женг играше одлично во првиот сет во кој беа забележани дури четири брејка, а три од нив во корист на тенисерката од Кина која го освои сетот со 6-2.

Швјонтек во вториот сет тргна одлично и поведе со 4-0, но набрзо Женг направи два брејка и израмни на 4-4, а потоа со уште еден брејк стигна до 7-5.

Женг за златниот медал во Париз ќе се бори против победничката од мечот меѓу Ана Каролина Шмиедлова и Дона Векиќ.