Олмо се договори со Барселона - познати се деталите!

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо ги договори личните услови со Барселона и ќе стави потпис на договор до јуни 2030 година.

На Барселона ѝ останува да се договори со Лајпциг, па веќе испрати нова понуда до бундеслигашот која изнесува 55 милиони евра плус седум милиони во бонуси.

Лајпциг би добил загарантирани 55 милиони евра, а лесно може да добие уште четири милиони, додека останатите три кои се планирани се тешки остварливи поради клаузулата чии детали засега не се откриваат.

Олмо прифати соработка на шест години и сега чека договор меѓу двете екипи за да се реализира трансферот.