Јокиќ доби големо засилување: Вестбрук потпиша за Денвер

Денвер нагетс договори големо засилување за следната сезона во која ќе се обиде да го врати шампионскиот прстен во НБА-лигата.

Новинарот Шамс Чарни објави дека Расел Вестбрук потпишал договор на две години и ќе добие „само“ 6,8 милиони долари.

Поранешниот МВП-играч ќе го носи дресот на шестиот тим во НБА-лигата, откако претходно играше за Оклахома, Хјустон, Вашингтон, Лејкерс и Клиперс.