„Нема да бегаме од косовските олимпијци ако се сретнеме во Париз“
Јавноста дискутираше на оваа тема и мнозинството смета дека српските олимпијци не треба да се качат на подиумот ако на него има место и за косовски спортист поради спорот кој го имаат двете држави.
„Мојот став е дека треба да одиме на подиумот. Не е српски да се бега од некого. Треба да се победи тој спортист од Косово. Тие се член на Меѓународниот олимписки комитет“, кажа Маљковиќ.
Маљковиќ откри и дека во 2016 година на Србија ѝ било посочено дека ќе биде исфрлена од игрите ако одбие да настапи против ривал од Косово.