Србија ја растури Грција на генералката пред Олимписките игри! (ВИДЕО)

Српската кошаркарска репрезентација со моќен перформанс против Грција ги заврши подготовките за Олимписките игри, на пријателскиот меч во Белград, Србите славеа со 94-72.

Србија доминираше во текот на целиот меч, ги доби сите четвртини, постојано ја зголемуваше предноста, за на крајот да слави со 22 поени разлика.

Двајцата селектори им ја поделија минутажата на своите кошаркари, давајќи им шанса на сите кои се во составот да се покажат пред заминувањето во Париз.

Богдановиќ со 19 поени беше најефикасен, Јокиќ реализираше 16, во составот на Грција најдобар беше Адетокумбо со 17 поени.

Првиот меч на Олимписките игри на Србија е на 28. јули против селекцијата на САД. Грција игрите ги отвора ден порано против Канада.