Ѓоковиќ кон провокаторите: Доооообра нооооќ, ништо не ми можете! (ВИДЕО)

По победата над Холгар Рунер, Новак Ѓоковиќ им се обрати на навивачите кои му свиреа во текот на мечот.

Ѓоковиќ имаше необична изјава на теренот која го привлече вниманието. Српскиот тенисер во текот на мечот добиваше свирежи од одредени навивачи, па имаше што да им каже на оние кои го провоцираа.

„До сите оние луѓе кои одбираат да непочитуваат играч, во случајов мене, имајте: Дооообра ноооќ, дооообра ноооќ, доооообра нооооооќ“, со ова Новак сакаше да направи пародија од нивните свирежи.

„Не е точно дека само навиваа за Руне. Во ред, навиваа за Руне, но тоа не е оправудвање да ми свират мене. Слушајте, играм повеќе од 20 години, верувајте, ги знам сите трикови, знам како функционира тоа. Но, во ред, се фокусирам на луѓето кои почитуваат, кои имаа почит, купиле билет и дошле тука да гледаат тенис и кои го сакаат тенисот и ги почитуваат тенисерите. Сум играл во многу пожешко опкружување, момци не ми можете ништо, верувајте ми“.