„Тоа што го прави Јамал буквално не е во границите на нормалното!“

Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, е меѓу главните ѕвезди на Европско првенство во Германија (14 јуни-14 јули), а од неговите настапи воодушевен е и легендарниот Андрес Иниеста.

Тој во суперлативи говори за играта на 16-годишното момче, кое досега на ЕП не се запиша во листата стрелци, но имаше три асистенции и правеше голема разлика на теренот.

„Не е во границите на нормалното тоа што го прави Јамал. Има само 16 години, а веќе е важен дел од составот на Барселона и на тој во репрезентацијата. Треба да го охрабрирме да продолжи така. Ситуации како неговата се ретки“, изјави Иниеста, кој со гол ѝ донесе на титула светски шампион на Шпанија на Мундијалот во Јужна Африка прд 14 години.

Јамал нова шанса да ги потврди зборовите на легендарниот сонародник ќе има веќе утре, кога Шпанија во Минхен ќе ги одмери силите со Франција во полуфиналето на континенталниот собир.