Динамо Загреб продава уште еден голобрад бисер и тоа за 10 милиони евра!

Големиот хрватски талент, Петар Сучиќ (20 години), по само една сениорска сезона би можел да го напушти Динамо Загреб, откако за него сериозен интерес покажа новиот италијански прволигаш Комо.

Првата понуда на Италијанците била шест и пол милиони евра, но откако биле одбиени понудиле шест милиони евра фиксни и уште четири милиони преку бонуси. Челниците на „модрите“ денеска ќе решат дали ќе ја прифатат оваа огромна сума или, пак, ќе почекаат тој да заигра уште подобро со што би му пораснала цената.Сучиќ во првиот тим беше втурнат лани на подготовките во Словенија од тогашниот тренер, Игор Бишчан и брзо се наметна како дефанзивен играч за врска и голема перспектива за иднината. Во вториот дел од сезоната со Сергеј Јакировиќ стана стандарден член на стартната постава, а во меѓувреме го смени фудбалското државјанство и ја одби понудата на БиХ, за чија младинска селекција настапувал.

Сучиќ има договор со Динамо е со важност уште четири години, а во моментов е проценет на три милиони евра. Негов идол како дете бил легендарниот капитен на загрепчани и македонски репрезентативец, Аријан Адеми.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)