Роналдо го копира Леброн Џејмс – нема да се пензионира додека не заигра со синот!

Најдобриот светски кошаркар Леброн Џејмс (39 години) си ја оствари желбата да биде во ист тим со својот син Брони (19), со кого следната сезона ќе играат заедно во дресот на ЛА Лејкерс, а неговиот пат сака да го следи и - Кристијано Роналдо (39).

Наследникот Кристијано јуниор има 14 години и игра за младинскиот тим на Ал-Наср, за кој настапува неговиот татко, само му требаат уште најмалку две години пред да може да игра за сениорскиот тим. Португалецот има договор до јуни следната година, а можно е и потоа да остане во Саудиска Арабија, ако не во Ал Наср, сигурно во некој друг клуб бидејќи државата добро плаќа и работи на промоција на фудбалот.

„Тоа е неговата вистинска мотивација, сака да игра игра со синот и затоа не се откажува. Да беше во друг клуб, на пример Реал Мадрид, ова ќе беше неизводливо, но во Ал-Наср такво е можно. Воопшто не е невозможно да играат заедно“, изјави легендарниот Романец, Адријан Муту, кому ваквото сценарио му го потврдил самиот Португалец.

Синот на Роналдо само што наполни 14 години, а неговиот татко ќе има 41 година кога ќе може да игра со својот син.