Германците не можат да се помират со елиминацијата: Бараат од УЕФА да направи преседан

Германците никако не можат да се помират со елиминацијата од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство, а најмногу ги боли моментот кога Марк Кукуреља играше со рака во шеснаесетникот и не добија пенал.

Подоцна беше објаснето дека станувало збор за новите правила на УЕФА, па затоа Тејлор и помошниците не реагирале. Сепак, тоа не им менува многу на навивачите во Германија и тие сметаат дека се оштетени.

Доказ за тоа е и петицијата која ја потпишале над 30.000 германски навивачи барајќи да се повтори натпреварот помеѓу Шпанија и Германија.

Јасно е дека нема да дојде до некакво повторување на натпреварот, Шпанија ја чека полуфиналето со Франција, додека Германија останува да жали за пропуштената можност и добриот турнир кој го играше се до елиминацијата од Шпанците.