Легендата на Манчестер Јунајтед ќе биде помошник на Тен Хаг

Славниот напаѓач Руд Ван Нистерлој е пред враќање во редовите на Манчестер Јунајтед.

Ван Нистерлој постигнал договор и ќе биде помошник на Ерик Тен Хаг на „Олд Трафорд“, тврдат островските медиуми.

За некогашниот голгетер ова е враќање во клубот каде што ги помина најдобрите денови во кариерата и одигра 219 натпревари во кои постигна 150 голови.

Ван Нистерлој освен за Манчестер Јунајтед настапуваше уште за: ХСВ, Малага, ПСВ, Херневен и Ден Бош. Како тренер има скромно искуство водејќи ги вториот и сениорскиот тим на ПСВ.

Но, со ПСВ освои и два трофеи во Купот и Суперкупот. Имал понуди Холанѓанецот да работ и како самостоен тренер, сепак пресудила желбата повторно да биде дел од Манчестер Јунајтед.