Матс Хумелс добива понуда од Серија А?

Болоња следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, но изгледа дека овој тим ќе претрпи големи промени во играчкиот кадар, откако веќе остана без тренерот Тијаго Мота кој се пресели во Јувентус.

Во меѓувреме челниците на Болоња работат и на доведување на нови имиња. Италијанските медиуми пренесуваат дека желба на раководството на италијанскиот тим е Матс Хумелс.

Заминувањето на Рикардо Калифиори е извесно и тој најверојатно ќе заврши во Арсенал, па Болоња мора да бара негова замена, а искусниот Хумелс изгледа како одлично решение.

Зад Хумелс е одлична сезона во Борусија Дортмунд со кој стигна до финалето во Лигата на шампионите и успеа да се избори за настап во елитното натпреварување преку Бундеслигата.

Претходно името на Хумелс се поврзуваше и со актуелниот германски шампион Баер Леверкузен, па ќе видиме каква ќе биде неговата одлука.