Завршницата на ЕП ќе се игра со сребрена топка (ФОТО)

Eвропската фудбалска федерација на УЕФА ја претстави новата топка со која ќе се играат натпреварите во завршницата на Европското првенство.

Белата основна топка е заменета со сребрена боја, а од редовите на „Адидас“ објаснуваат дека ваквата боја е специјално развиена и тестирана со спортисти за да се обезбеди дека се издвоува на теренот.

На Европското првенство и денеска е слободен ден додека утре и задутре на програмата се полуфиналните средби помеѓу Шпанија и Франција и Англија и Холандија. Финалето е закажано за в недела.