Баерн потврди засилување од 50 милиони фунти!

Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Мишел Олис од Кристал Палас за вкупна сума од 50 милиони фунти.

Олис потпиша договор до јуни 2029 година, а Баварците ќе платат 45 милиони фунти плус 5 милиони фунти во бонуси. 

„Многу сум среќен што ќе играм во толку голем клуб. Разговорите со Баерн Минхен беа многу позитивни. Ова е голем предизвик за мене. Сакам да се докажам на ова ниво и да освојувам титули“, вели Олис.