Бразил обезбеди место на Олимписките игри, Кабокло даде кош од својата половина! (ВИДЕО)

Бразил со убедливи 94-69 ја декласираше домашната селекција на Летонија и обезбеди место на Олимписките игри во Париз.

Мечот беше решен уште во првата четвртина која Бразил ја доби со 34-11, во продолжението само ја одржуваа високата предност за на крајот да слават со 94-69.

Кабокло со 21 поен беше најефикасен на мечот, Меиндл постигна еден поен помалку, најефикасен кај Летонија беше Ломаз со 15 поени.

Најатрактивниот поен го даде кошаркарот на Партизан, Кабокло кој постигна тројка од својата половина.