Синер во три сета го декласира Шелтон за четвртфинале на Вимблдон
Синер имаше одличен старт на натпреварот, откако во петтиот гем му го одзема сервисот на противникот, а потоа сервираше успешно за 6-2.
Шелтон не можеше да му парира на Синер ниту во вториот сет, па италијанскиот тенисер со 6-2 стигна до убедлива предност на натпреварот.
Во третиот сет можеше да се забележи голема драма, посебно поради добрата игра на младиот Американец кој се избори за тај-брејк, меѓутоа Синер беше подобар со 11-9.
Синер во четвртфинале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Григор Димитров и Данил Медведев.