Ѓоковиќ е голем човек - помагаше да се тргне прекривка од теренот (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно ја воодушеви јавноста со неговиот потег на Вимблдон, кога реши да им помогне на останатите да се тргне прекривка од теренот која треба да го заштити од дождот.

Ѓоковиќ не се срамеше да им помогне на останатите, па затоа доби голем број пофалби на социјалните мрежи од фановите.