Вардар се раздели со Мујезиновиќ

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска се раздели и со 31-годишниот босански фудбалер Мустафа Мујезиновиќ, откако претходно го потврди заминувањето на Лука Сушњара.

Мујезиновиќ минатата сезона за „црвено-црните“ одигра вкупно 11 натпревари, а притоа имаше две асистенции за Вардар.

Вардар завчера ги почна подоготовките за новата сезона, а веднаш беа најавени најмалку осум засилувања.