Биелса загрижен: Ќе има се помалку фудбалери кои заслужуваат да се гледаат

Аргентинскиот стратег Марсело Биелса изминатата вечер како селектор на Уругвај го елиминираше Бразил од Копа Америка.

Биелса е големо име во фудбалскиот свет и човек чиј збор има тежина, а сега изрази загриженост за ставот кон фудбалот кој доаѓа.

„Фудбалот има се повеќе навивачи, а станува се помалку атрактивен. Она што некогаш ја правеше оваа игра најдобра веќе не е приоритет. Тој процес еднаш ќе заврши, без оглед на тоа колку луѓе ќе гледаат фдбал. Доколку не обезбедите она што гледаат луѓето да биде пријатно тоа ќе биде само добро за работа бидејќи сега е важен само бројот на луѓето кои ги гледаат натпреварите“, започна Биелса па продолжи.

„За неколку години ќе има се помалку фудбалери кои заслужуваат да се гледаат, тие генерираат фудбал кој не е атрактивен и така овој вештачки процес на навивачи ќе престане. Фудбалот не е само пет минути „хајлајтс“, фудбалот е многу повеќе од тоа – културолошки израз, начин на идентификација. Има луѓе кои ги гледаат само најинтересните моменти, но тоа нема врска со есенцијата на играта поради кој сме се заљубиле во истата“, изјави Биелса.

Кога по оваа изјава на еден тренер како Биелса ќе го погледнеме квалитетот на натпреварите во нокаут фазата на Европското првенстви и не може да се каже дека Аргентинецот не е во право.