Хамес блеска како во најдобрите денови и сруши рекорд на Копа Америка
Во четвртфиналето посебно блесна колумбиската ѕвезда Хамес Родригез. Колумбија ја декласираше Панама со 5:0, а Хамес постигна еден гол и запиша две асистенции. Со таквиот учинок Хамес стана првиот играч кој учествувал во три гола на еден натпревар од Копа Америка.
Од почетокот на турнирот Хамес има еден гол и пет асистенции и е еден од најважните фудбалери на Колумбија.
Противник на Колумбијците во битката за финале ќе биде Уругвај, додека во второто полуфинале се среќаваат Аргентина и Канада.