Ниту Спајдермен не можеше да поверува дека Бразил толку рано е елиминиран од Копа Америка (ФОТО)

Селекцијата на Бразил настапот на Коша Америка неочекувано го заврши уште во четврт-финалето по синоќешниот пораз од Уругвај по изведување пенали, што донесе огромно разочарување кај милионите навивачи на „кариоките“.

Бразилците важат за фудбалски фанатици, поради што тие што не успеаја да отпатуваат во САД, каде што се игра годинешното издание на ова натпреварување, традиционално се собраа на Копакабана. Емоциите беа пуштени на најсилно, будно се следеше секој потег, особено при ударите од белата точка, кои завршија лошо за фаворитот.

Меѓу навивачите на светски познатата плажа беше и суперхеројот Спајдермен, кој беше вистински хит за сонародниците, но и за присутните фоторепортери. Неговите реакции на промашувањата на „кариоките“ беа бесценети, поради што неговите фотографии вирално се проширија преку сите светски медиуми.