Најдобриот Хрват ќе му помага на најдобриот Србин да ја врати НБА-титулата!

Капитенот на хрватската кошаркарска репрезентација, Дарио Шариќ, има нов клуб во НБА, откако според најпознатиот НБА инсајдер на денешницата, Адријан Војнаровски, постигнал договор со екипата на Денвер нагетс.

Тој потпишал двегодишен договор со составот од Колорадо, во кои соработува со Никола Јокиќ, и патем ќе заработи нешто над 10 милиони долари. Шариќ минатата сезона имаше просек од 8,1 поени, 4,4 скока и 2,3 асистенции за 17,2 минути игра во дресот на Голден Стејт Вориорс, а ова е негов шести НБА клуб.

Денвер е претпоследен шампион во најдобрата лига на светот, а управата на овој клуб се надева дека со спојувањето на најдобрите хрватски и српски кошаркари ќе успее да го врати приматот во НБА.