Трагедија во САД: Американски фудбалер загина во сообраќајка – го удрил пијан возач!

Стравична вест дојде од американската држава Мериленд и тоа за смртта на младиот фудбалер од НФЛ лигата, Кајри Џексон (24), кој заедно со двајца поранешни соиграчи загина во сообраќајна несреќа.

Тој требаше да биде дебитант во тимот на Минесота Викингс во следната сезона, а загина вчера наутро заедно со Ентони Литон Џуниор и Исаја Хејзел, откако нивниот автомобил бил удрен од друг автомобил, кој се движел со голема брзина. Според полицијата, возачот на другиот автомобил бил под дејство на алкохол.

„Уништени сме од веста за смртта на Кајри по сообраќајна несреќа во текот на ноќта. Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите, соиграчите и тренерите, како и со сите жртви на оваа трагична несреќа“, се вели во соопштението на Минесота.

Сите тројца спортисти го посетуваа средното училиште Вајс во Апер Марлборо и продолжија да играат фудбал на колеџ. Џексон играше за Универзитетот во Орегон, по што беше избран во четвртиот круг на драфтот.