Шишето за вода му „кажуваше“ на Пикфорд како да ги брани пеналите на Швајцарците (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Англија се најде меѓу четирите најдобри селекции на ЕП 2024 по вчерашната победа над Швајцарија по изведување пенали, при кое херој беше голманот Џордан Пикфорд, кој го одбрани ударот на Мануел Аканџи.

Тоа беше прв шут во пенал-серијата, по кој сите останати ја затресоа мрежата на еден од двајцата голмани, па „Гордион Албион“ обезбеди полуфинална виза. По средбата ја виделина излегоа фотографии на кои се гледа дека Пикфорд имал претходно планирана тактика за секој од швајцарските пеналџии и тоа напишана на - шишето за вода. Англискиот голман за секој Швајцарец имаше напишано каде шутира, а тоа му помогна да го прочита Аканџи со што им го отвори патот на соиграчите да дојдат до посакуваната цел.

При неговиот удар шишето за вода му „препорача“ на Пикфорд да се фрли лево, што тој го направи и го одбрани ударот на швајцарскиот фудбалер. Англискиот чувар на мрежата доби правилни инструкции и за други двајца изведувачи на пенали, но не им ги одбрани шутевите. Пикфорд само при пеналот на Фабиен Шер, Пикфорд не го послуша неговото шише и наместо лажен потег десно, па фрлање на лева страна, тој го направи спротивното и - прими гол.