Реакцијата на Ѓоковиќ кога на Вимблдон дозна дека Англија оди во полуфинале (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ во овие моменти го игра мечот против Алексеј Попирин на Вимблдон, а овој меч се поклопи и со терминот во кој Англија играше четвртфинале против Швајцарија.

Англија ја победи Швајцарија по изведувањето на пенали и во моментот следуваше силен аплауз од публиката на теренот на Вимблдон.

На Ѓоковиќ и Попирин им беше јасно што се случува и поради што настана фудбалската атмосфера па одговорија со насмевки. Ѓоковиќ и гестикулираше фудбалски шут.