Претходно Белингем, сега Сака не дозволи елиминација на Англија - повторно продолженија! (ВИДЕО)

Не беше 95. минута како против Словачка, но Англија одново се извлече и избегна елиминација во финишот. 

Во еден натпревар каков што досега навикнавме да гледаме од Англија на ова првенство, без многу прилики на двете страни, Швајцарија прва стигна до водство во 75. минута кога Емболо се најде на вистинското место по асистенцијата на Ндоје.

По овој примен гол, Саутгејт веднаш реагираше со измени од клупата и во игра влегоа Шо, Езе и Палмер. Предноста на Швајцарците траеше само пет минути бидејќи фудбалерот на Арсенал Букајо Сака го совлада Зомер за 1:1.

До крајот на средбата не видовме посериозни прилики, па одново ќе гледаме продолженија. Ќе потсетиме, Англија ја елиминираше Словачка токму во дополнителните 30 минути.