Синер во три сета го здроби Кецмановиќ за осминафинале на Вимблдон
Синер фуриозно го почна натпреварот и во првиот сет му дозволи на Србинот да освои само еден гем, додека Кецмановиќ во вториот сет даде поголем отпор меѓутоа загуби со 4-6, додека во последниот Италијанецот повторно беше одличен и со 6-2 се пласира во следното коло на турнирот.
Првиот тенисер на АТП-листата во осминафинале ќе се соочи против победникот меѓу Шаповалов и Шелтон.