Американците дозволија употреба на марихуана и во универзитетските спортови!
Употребата на оваа дрога, засега, е малку „ограничена“, па во почетната фаза на овој „закон“ ќе може да се користи само во плејофот на колеџ-фудбалот, но и во Дивизија 1 во сите спортови.
„Програмата за тестирање на злоупотреба на супстанции НЦАА ќе биде фокусирана на интегритетот на конкуренцијата, а производите од канабис не обезбедуваат никаква конкурентна предност“, рече Џош Вајтман, претседател на Советот на НЦАА дивизија 1.
Вајтмен, меѓу другото, вели дека фокусот на Советот ќе биде ставен на благосостојбата на спортистите, а не на казнувањето за консумирање марихуана и други производи од канабис.