Драма на Вимблдон: Прекинат меч кај жените – лекарите мораа да реагираат на трибините!
При резултат 5-3 во првиот сет за Бадоса, на госпоѓа од трибините ѝ се слоши, па брзата помош мораше итно да реагира. За среќа, навивачката брзо се врати на нозе, па натпреварот, кој се игра во моментов, можеше да продолжи.
Прекинот и се „погоди“ на Касаткина, која успеа да се врати и да израмни во првиот сет, кој мора да биде решен во тајбрејк. Двете тенисерки досега немаат загубено сет на овој турнир.