Демирал сепак е суспендиран: Турците ќе се жалат за двојните стандарди на УЕФА
Најмногу ситуацијата се споредува со Мерих Демирал од Турција на кого сепак му е потврдена суспензијата од следните два натпревари на Турција.
Фудбалската федерација на Турција по најавите на германските медиуми тврдеше дека Демирал не е суспендиран, но сепак потврдата стигна и тој нема да биде на располагање за утрешната пресметка со Холандија, како ниту за полуфиналето ако Турција таму се пласира.
Од Турција најавија и дека ќе испратат жалба до Лозана надевајќи се на брза одлука. Од друга страна во УЕФА веројатно во одбрана ќе го користат тоа што симболот на Демирал е политички, па затоа и казната е построга.