Циркус: УЕФА го казни Белингем, ама тој ќе игра против Швајцарија!
Белингем од УЕФА доби суспензија од еден натпревар, но тој ќе биде во комбинација за утрешниот натпревар, како и за понатамошниот дел од првенството ако Англија ја елиминира Швајцарија.
Имено, англискиот репрезентативец ќе има можност во наредниот период од една година да го избере натпреварот во кој ќе ја одработи суспензијата. Исто така ќе мора да плати казна од 30.000 евра.
Ваквата одлука на УЕФА дефинитивно ќе предизвика бурни реакции и ќе налути многумина.