Мбапе: Роналдо е инспирација за цела генерација, но сакам утре да плаче!
Мбапе никогаш не криел дека Роналдо е неговиот идол. Како мал имал постери од Португалецот на ѕидот, а и како дете се сликал со него.
Утре двајцата ќе играат еден против друг, а Мбапе е полн со убави зборови за Роналдо пред нивниот дуел.
„Тој еден и единствен. Нема да има друг Кристијано Роналдо. Тој инспирираше цела генерација. Има голови, трофеи... неговата биографија говори гласно. Но се надевам дека утре ќе биде разочаран“, вели Мбапе.