Позната авиокомпанија се шегуваше на сметка на Роналдо (ФОТО)

Репрезентацијата на Португалија ја очекува четвртфиналето на Европското првенство каде што се пласираше по подоброто изведување на пенали од Словенија.

Кристијано Роналдо во натпреварот немаше своја вечер, имаше неколку удари кои Облак му ги одбрани, а не реализираше и најстрога казна.

По промашениот пенал во финишот на првото продолжение, Роналдо не можеше да ги задржи солзите.

Овој момент за свој маркетинг и „фаќање сеир“ го искористи авиокомпанијата Рајнер. Тие објавија фотографија од расплаканиот Роналдо со опис:

„Кога ќе заборавиш да се чекираш онлајн“.