Се подготвува „бомба“ во Италија: Ѕвезда на Јувентус пред трансфер во Рома!
Претходните денови во Рим наводно бил менаџерот на Киеза, Фали Рамадани, каде што почнале преговорите, а се споменува и сума од 20 милиони евра. Италијанскиот репрезентативец е под договор со тимот од Торино до летото 2025 година, па доколку не сакаат тој да замине без отштета, челниците на „бјанконерите“ ќе мора добро да размислат околу оваа понуда.
Оваа приказна дополнително ја „вжештија“ шпекулациите дека Тиаго Мота побарал од управата нов крилен напаѓач, а едно од имињата кои многу се споменуваат е Џејдон Санчо. Интересно е што пред Киеза, од Јувентус во Рома се пресели и Пауло Дибала.