Брони по потписот со Лејкерс: Чувствувам притисок цел живот, но ќе се изборам!
Лејкерс го избра Брони, кој ќе заигра со неговиот татко на паркетот, но многумина сметаат дека нема квалитет да игра во НБА-лигата.
„Сигурен сум дека ќе постои одреден притисок. Веќе имав можност да видам како ме оспоруваат на социјалните мрежи. Но, јас се соочувам со такво нешто цел живот, ова не е ништо ново. Ќе се изборам со притисокот“, кажа Брони.