Драган Стојков потпиша нов договор со Брера
Стојков пристигна во Струмица во јануари оваа година, а притоа во пролениот дел од сезоната настапи на 12 меча за Брера и имаше една асистенција.
Искусниот дефанзивец досега во кариерата го носеше и дресот на екипи од Грција, Србија и САД, додека во Македонија играше за Работнички, Тиквеш, Беласица и Македонија ЃП.